Поради кризата, ММФ предупредува: Инфлацијата до 4,5%, буџетскиот дефицит до 4,2% од БДП
По завршувањето на средбите на членовите на мисијата на ММФ со носителите на политиките во Македонија, заклучокот е дека оваа година може да очекуваме далеку повисока инфлација од планираните до три отсто од страна на Владата. Ова изместување во проекциите се должи на кризата која настана после нападот на САД и Израел на Иран. Очекуваниот ценовен шок кај енергијата се очекува да влијае негативно врз растот на економијата и повторно да создаде инфлаторни притисоци.
„Реалниот раст на БДП се очекува да се намали на 3,1% во 2026 година и на среден рок да се стабилизира околу потенцијалното ниво од 3%. Во исто време, повисоките глобални цени на нафтата се очекува да ја зголемат инфлацијата на околу 4,5% во 2026 година, што отвора прашања за достапноста на енергијата“, велат од делегацијата на ММФ.
ММФ оценува дека ризиците за економските изгледи се претежно негативни. Фискалната стабилност и довербата на пазарите може да се наруши поради отстапувања од фискалната дисциплина, посебно поради ад-хок зголемувања на платите и пензиите, како и пречекорување на трошоците кај големи инфраструктурни проекти.
„Мисијата ја поздравува определбата на властите да го намалат буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП во 2026 година. Ова ќе помогне да се создадат фискални резерви за справување со шокови и ќе ја поддржи дезинфлацијата во услови на фиксниот девизен курс. Сепак, без конкретни мерки во даночната политика и администрација, планираните зголемувања на приходите можеби нема да се реализираат, што би можело да доведе до дефицит од 4,2% од БДП“, велат од делегацијата на ММФ.
Овие дополнителни 0,7 процентни поени буџетски дефицит значат дополнителен јавен долг од скоро 128 милиони евра или наместо 638 милиони, 766 милиони евра за 2026 година.
За да не дојде до ова ќе треба построга контрола на тековната потрошувачка, особено за пензии, плати и стоки и услуги, како и намалување на даночните ослободувања од ДДВ. Препорачуваат дека поддршката за домаќинствата поради енергетскиот шок треба да биде таргетирана, бидејќи општите субвенции, вклучително и општите даночни намалувања, се неефикасни и регресивни. Привременото намалување на ДДВ треба постепено да се укине. Ранливите категории треба да се поддржат преку постојните социјални програми, кои се релативно добро насочени во Македонија, но нивниот опфат и адекватност можеби треба да се подобрат. Дополнителните приходи од ДДВ поради повисоките цени на горивата може делумно да ги покријат трошоците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради кризата, ММФ предупредува: Инфлацијата до 4,5%,…
По завршувањето на средбите на членовите на…
Во угостителски објект, му се заканувал на…
57-годишник од кичевско доби кривична пријава поради…
Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски
„Вие ме прашавте пред некое време зошто…
АВМУ констатира уреднички пропуст, а утре Програмскиот…
Според Агенцијата за медиуми, прикажувањето вакви содржини…
Филипче: Денеска упатувам писмо до ЕУ за…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информираше дека…