Објавено на:

Српски министер: „Не ги запишувајте вашите деца на блокадерски факултети, ќе ви ги вратат во ковчег“

t

Српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ остро го нападна Универзитетот во Белград, велејќи им на родителите да не ги запишуваат своите деца на „блокадерски факултети“, бидејќи ќе им ги вратат во ковчег, исто како што го вратија девојчето од Шабац, кое трагично почина на Филозофскиот факултет на 26 март.

Министерот Глишиќ зборуваше на телевизијата Пинк за смртта на девојчето чие тело беше пронајдено минатата недела на плато пред Филозофскиот факултет во центарот на Белград, а точните околности сè уште се утврдуваат, објавува Нова.рс.

„Замислете ги родителите како го гледаат ова. Дали треба да го запишат своето дете на Белградскиот универзитет или на факултет каде што деканот е блокадер? Да го регрутираат своето дете во нивната пешадија, да го испраќаат да се бори во градовите низ Србија. Да складираат пиротехника, да складираат наркотици. Да ги вовлечат во нивната блокадерска секта. И да ги изгубат главите“, рече Глишиќ.

Министерот продолжи, истакнувајќи дека е „многу свесен за тежината на зборовите што ќе ги изговори“.

„Но, морам да ѝ кажам на јавноста. Не запишувајте деца на блокадерски факултети, бидејќи ќе ви ги вратат како што ја вратија оваа девојка од Шабац, во ковчег. Не запишувајте деца таму каде што гледате деканот е сè уште блокадер. Не ги запишувате децата таму за да научат нешто. А децата не одат таму за знаење. Ги праќате децата таму за да бидат нивна пешадија, нивна војска“, рече Глишиќ.

Партијата на центарот на Србија (СЦСЕ) денес побара од обвинителството да покрене постапка против министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ за неговата изјава за запишување на универзитетот и да ги испита елементите на кривичното дело предизвикување паника и неред, како и загрозување на безбедноста на студентите и професорите.

„Изјавата на министерот Глишиќ: „Не запишувајте деца на блокадерски универзитети, бидејќи ќе ви ги вратат како што ја вратија оваа девојка од Шабац, во ковчег“, претставува не само врв на бесрамност, туку и отворена закана за секој млад човек кој се осмелува да размислува сам и да се бори за правда“, укажа пратеничката на СЦСЕ, Татјана Марковиќ-Топаловиќ во соопштението.

Инаку, членови на УКП вчера влегоа во просториите на Ректоратот на Универзитетот во Белград, по наредба на Вишото јавно обвинителство, во врска со предистражните активности за трагичната смрт на девојка на Филозофскиот факултет.

По овој повод, студентите повикаа на протест пред Ректоратот, за време на кој се случија неколку инциденти и физички судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Ректорот Владан Ѓокиќ им се обрати на собраните од зградата на Ректоратот, велејќи дека „можат да земат приемници и компјутери, но не можат да ја земат вистината“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српски министер: „Не ги запишувајте вашите деца…

Српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ…

Шефот на IEA предупредува: „Ни се заканува…

Азиските земји веќе чувствуваат сериозни последици од…

Судењето за полицајците од „Пулс“ одложено уште…

Судскиот процес за тринаесетте полициски службеници кои…

Мицкоски: Ако нема основ за поскапување на…

Премиерот Христијан Мицкоски со членови од неговиот…

Трамп: Сериозно размислувам за излез од НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…