Иранскиот претседател со писмо до Американците
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упати писмо до Американците во кое наведува дека прикажувањето на неговата земја како безбедносна закана не е во согласност со историската реалност.
– Иран, по самото име, карактер и идентитет, е една од најстарите континуирани цивилизации во човечката историја. Во својата модерна историја, Иран никогаш не го избрал патот на агресија, експанзионизам, колонијализам или доминација. Иран никогаш не започнал војна, туку решително и храбро се бранел од оние што го нападнале, наведува Пезешкијан во писмото до Американците, што го пренесе иранската државна медиумска куќа „Прес ТВ“.
Пезешкијан тврди дека прикажувањето на Иран како закана им служи само на надворешните интереси на моќните.
– Прикажувањето на Иран како закана не е во согласност ниту со историската реалност ниту со денешните видливи факти. Таквата перцепција е производ на политичките и економските каприци на моќниците – потребата да се создаде непријател со цел да се оправда притисокот, да се одржи воената доминација, да се поддржи индустријата за оружје и да се контролираат стратешките пазари, посочува Пезешкијан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Украина го нападна Московскиот регион со…
600 украински дронови го нападнаа Московскиот регион…
Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…
Во тек е спасувачка акција на повредено…
Зеленски: Најмалку тројца загинати и над 20…
Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од…
На 26 август ќе започне изградбата на…
Премиерот Христијан Мицкоски најави интензивирање на градежните…
Во септември се очекува покачување на пензиите…
Пензионерите во Македонија во септември се очекува…