Албански медиуми: Безбедносна тревога, САД предупредуваат за можни цели во Албанија
Амбасадата на САД во Тирана предупреди дека групи поврзани со Иран можно е да нападнат субјекти поврзани со САД во Албанија.
Во објава на Фејсбук, Амбасадата соопшти дека иранските опозициски елементи со седиште на албанска територија, исто така, би можеле да бидат цел.
– Американската амбасада во Тирана издаде предупредување до своите граѓани, наведувајќи дека цел на ирански напади може да бидат субјекти поврзани со САД или елементи на иранската опозиција во Албанија, објавија медиумите.
Во соопштението се наведува дека нападите би можеле да бидат извршени на вообичаени места, како што се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани и ги повикаа американските граѓани да бидат внимателни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деко излегува од притвор во сабота
Во сабота, Дејан Јованов Деко, првообвинет за…
12-годишен Македонец кој ги освојува светските сцени:…
Во време кога вниманието на јавноста често…
BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…
Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…
Нетанјаху: Уапсен е пилотот кој извршил напад…
Пилотот осомничен дека извршил напад со нож…
Утре ќе нема струја до 14:30 часот…
Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…