Два пати викав полиција, викањето и тепањето првпат ги слушнав пред две години, вели сосетката на Стојанче и Ивана

t

Тања Спировска, сосетка на Стојанче Јовановски, Ивана и Катја сведочи во Кривичниот суд за тоа што се случувало во домот на обвинетиот. Таа посочува дека во зградата константно се слушало тропање, викање, тепање сведочеше денеска сосетката Тања Спировска. Вели дека двапати викнала полиција, но тоа завршувало со тропање по вратите на погрешни соседи и со закани дека неа ќе и биде пишана пријава. Викањето и тепањето траело 2 години.

„Еднаш накај 2 часот по полноќ, се слушна „тато ќе ја убиеш мама“. Двапати има дојдено полиција на мој повик, ми земаа изјава, се качија со мене заедно по спратовите да најдеме од каде доаѓа викањето и тепањето. Првиот инспектор беше коректен. Запиша дека викањето не се слуша во ходникот, туку само вертикално по становите. Провери во еден стан и замина. Вториот инспектор кога дојде беше многу дрзок, многу нервозен и тропаше по становите и вратите, праша на кој спрат се, јас реков дека е над мене. Тропна на три стана и ми се закани дека ќе добијам кривична пријава за лажно пријавување, јас му реков „слободно одма пиши ми“. Тепањето и тропањето го слушав од дневната соба во мојот дом, првпат забележав пред 2 години“, рече Спировска.

Сосетката сведочи дека од други соседи дознала дека Катја излегувала од станот, тропала по други врати и барала некој да и помогне на нејзината мајка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Саздов ја наведе Ивана да се самоубие,…

Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела меѓу…

Започнува судењето за Стојанче Јовановски за смртта…

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје со…

25 години од почетокот на воениот конфликт…

Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…

Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…

Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…

Обоена со сина боја зградата на МВР…

Денес на 7 март, светот ќе им…