На училиште Катја кажувала како татко и ја тепа мајка и
„Катја беше среќна и отворена со соучениците. Не покажуваше знаци на вознемиреност или затвореност, не покажуваше агресија кон останатите“, ова е дел од сведочењето на наставничката на Катја.
При обработка на темата „Кој сум јас и моето семејство“, малата Катја постојано ја цртала мајка ѝ Ивана. Нејзините цртежи биле ведри, со светли бои, лицата на луѓето што ги цртала биле насмеани и сонцето на сите цртежи било насмеано.
Ивана, мајката и братот на Ивана најчесто ја носеле и ја земале од училиште малата Катја, но не и нејзиниот татко Стојанче, посочи нејзината наставничка. Стојанче во една прилика дошол во училиште и бил нервозен. Барал број од родител на ученик кој според Стојанче ја задевал Катја. Наставничката му посочила дека ништо страшно не се случило и дека тие се деца, а наставниот кадар има механизми како да го реши истото. Она што го вклучило алармот било кога Катја при игра рефлектирала момент од она што претходно го видела во семејството.
„Во училницата девојчињата играа ирга. При таа игра забележав дека Катја падна на подот и ги прашав дали играат некоја игра-драматизација на некоја приказна, а Катја рече дека кога татко ѝ ја удирал мајка ѝ така нејзината мајка паѓала. Веднаш го известив психологот во училиштето и психологот разговараше со Катја. Катја рекла дека нејзините родители се разделени и дека таа е со мајката. Психологот ја повика и Ивана. Мислам дека беше средината на септември и психологот ми рече дека ѝ било укажано на Ивана каде да се обрати при семејно насилство. Ми рече да внимаваме на Катја.“
Ивана одреден период не му кажувала некои работи на својот брат, но во една прилика се му кажала и рекла дека ѝ е страв за неа и за Катја и дека ѝ треба помош. Проблемите биле за станот, за оставината од татко ѝ, контролата која ја вршел Стојанче и за заканите кои ги упатувал.
„Ми кажуваше дека е контролирана. Ја исклучи апликацијата „фејсбук“, не избриша сите и не ја користеше. Со мене и нашата мајка комуницираше само физички од причина што Стојанче ја проверувал со кого и што зборува. Единствено кога беше во болница, почна нормална комуникација на „вибер“. Во една прилика Ивана ми рече дека ѝ е многу страв од Стојанче, затоа што имал пиштол и ѝ се заканувал со Катја и за станот.“
Сведочеше и сосетка од зградата каде живеело семејството Јовановски.
Судскиот процес го води судијата Ивица Стефановски. Застапник на обвинението е обвинителката Адела Бојчевиќ. Следното рочиште е закажано за в среда и продолжува со изведување на материјалните докази од страна на Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите ќе можеле да го платат данокот…
Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св Кирил…
Мицкоски: Транзицијата создаде малкумина богати, а многумина…
За време на периодот на транзицијата во…
СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко…
СДСМ денеска поднесе кривична пријава против гувернерот…
(Фото) Се запали возило во Влае
Драматична сцена попладнево во скопската населба Влае,…
Во месец март констатирани 26.241 сообраќајни прекршоци…
Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од…