Објавено на:

Путин подготвен да помогне за мирна разрешница на војната на Блискиот Исток

t

Русија е подготвена да придонесе за решавање на конфликтот со Иран, соопшти Кремљ, наведувајќи дека Владимир Путин за тоа разговара со лидерите на земјите од Блискиот Исток.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека претседателот „продолжува со контактите“ и дека Москва е подготвена да помогне за да може воената ситуација да се пренасочи кон мирно решение што е можно поскоро.

Коментирајќи го говорот на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата изјава дека размислува за повлекување на САД од НАТО, Песков повтори дека Русија ја смета Алијансата за „непријателска“.

Тој додаде дека смирувањето на тензиите и ублажувањето на последиците од војната би било можно само преку преговори, нагласувајќи дека евентуалниот руско-арапски самит би можел да послужи како платформа за дијалог.

За потсетување, Путин веќе четири години води војна во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин подготвен да помогне за мирна разрешница…

Русија е подготвена да придонесе за решавање…

Австрија: Ги одбивме сите американски барања за…

Портпаролот на австриското Министерство за одбрана, Михаел…

Војната ја загрози авионската индустрија: Горивото скапо…

Глобалната криза предизвикана од војната меѓу САД,…

Орбан до Туск и Трамп: Европа оди…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека Европа…

Калибаф: Околу седум милиони Иранци се подготвени…

Околу седум милиони Иранци се подготвени доброволно…