СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески
СДСМ денеска поднесе кривична пријава против гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради основано сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Пријавата ја соопшти генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ, кој рече дека, според нив, со постапувањето на гувернерот била предизвикана штета врз буџетот и правниот поредок.
Во образложението се тврди дека бил пробиен законскиот рок за избор на нови вицегувернери, дека по истекот на мандатите продолжиле исплати за функции што, според партијата, веќе не смееле да се вршат, како и дека биле носени одлуки во Советот на Народната банка во состав што тие го сметаат за спорен. Партијата и претходно се повика на член 55 од Законот за Народната банка, според кој испразнето место треба да се пополни во рок од два месеца по истекот на мандатот.
Спорот околу вицегувернерите трае со денови. СДСМ претходно побара Обвинителството да отвори предмет, со тврдење дека крајниот рок за избор бил пробиен уште на 22 декември 2025 година. Од партијата наведоа и дека продолжувањето на работата на вицегувернерките по истекот на мандатот ја отвора законитоста на одлуките донесени во тој период.
Од Народната банка, пак, претходно соопштија дека предлозите за нови вицегувернери, по завршувањето на јавниот повик и согласно законските процедури, веќе се доставени до Собранието и дека во оваа фаза изборот е во надлежност на парламентот. Славевски во јавните настапи рече дека не чувствува одговорност и дека постапката се одвива законски, а посочи и дека, според неговото толкување, постојните вицегувернери имаат целосни овластувања до изборот на нови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Излезноста до 11 часот во Брвеница е…
Членови на Државната изборна комисија предводени од…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…
Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…
Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…
Европската комисија застана зад Туск: Бара од…
Европската комисија застана на страната на полскиот…
Осуденик во затвор успешно заврши средно образование
Осуденик, кој својата казна ја издржува во…