Посебен сообраќаен режим во недела во Скопје
Во недела во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим поради трка во организација на Сојузот на спортови на Скопје, соопшти МВР.
„На 05.04.2026 со почеток во 10:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка со траса на движење од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта фонтана Лотус. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, велат од полицијата.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посебен сообраќаен режим во недела во Скопје
Во недела во Скопје ќе има посебен…
Во еден ден прегазени тројца пешаци –…
МВР информира дека вчера околу 12:00 часот…
Утре и во среда посебен сообраќаен режим…
Министерството за внатрешни работи известува дека утре…
Девојче кое исчезнало во Скопје најдено во…
16-годишно девојче од Скопје кое родителите го…
Земјотрес почувствуван во Скопје
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…