(Видео) Девојка се обидува да му се измолкне од рацете на момче во Штип, полицајци не го документирале настанот
Штипската телевизија „М-нет“ објави видео на кое се гледа како девојка во центарот на Штип, во близина на Здравствениот дом, е држена за рацете од момче. Таа на повисок тон го моли да ја пушти и во неколку наврати се обидува да се извлече.
Неофицијално, во моментот на инцидентот, на местото случајно поминале двајца униформирани полициски службеници од полициската станица во Штип и ги прашале лицата дали има проблем.
Од МВР за Инфомакс соопштија:
Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи за кое прашувате, ве известуваме дека СВР Штип презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Исто така ве информираме и дека се преземаат мерки за утврдување на пропусти при работата од страна на полициски службеници по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно работи филтер-станицата во Штип
Состојбата со водоснабдувањето во Штип постепено се…
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…
Девојка остана во инвалидска количка по царски…
По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…
Неколку милиони денари ќе чини покривот на…
Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…
Истрага за полов напад врз малолетно девојче…
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…