Објавено на:

Анализа на Си-Ен-Ен: Пам Бонди беше осудена на неуспех, но и самата ја влоши ситуацијата

t

Работното место јавен обвинител можеби е најневозможната работа во кабинетот на претседателот Доналд Трамп. Трамп бара работи што не се само етички проблематични, туку се некаде помеѓу многу тешки и невозможни. Никој не успеал да го погоди балансот. Џеф Сешнс се обиде да биде институционалист и брзо беше маргинализиран. Вилијам Бар потоа презеде некои зачудувачки политизирани чекори во корист на Трамп, но не беше подготвен да оди толку далеку колку што Трамп бараше, анализира Си-Ен-Ен.

Пам Бонди отиде уште подалеку од Бар во обидот политички да го свитка Одделот за правда во корист на Трамп. Но по нејзиното отпуштање во четвртокот, таа заврши со најкраток мандат како потврден јавен обвинител во последните 60 години.

Бонди, на многу начини, беше осудена на неуспех. Но исто така јасно е дека самата си ги влоши работите.

И тоа особено важи за две точки на несогласување меѓу неа и Трамп: Епстин фајлс и досега неуспешната кампања за одмазда на Трамп.

Епстин фајлс

Најштетниот аспект од мандатот на Бонди несомнено беа Епстин фајлс.

Трамп и неговата кампања не ѝ направија услуга на Бонди со тоа што ја нагласија неговата ветена транспарентност за објавување на фајлс уште во 2024 година. Потоа Трамп нагло се сврте против нивно објавување во средината на 2025 година и со месеци се бореше против тоа, сѐ додека Конгресот не го принуди да попушти.

Оваа промена беше тешка за објаснување пред јавноста. Бонди ја влоши ситуацијата.

Во февруари, таа им подели „Епстин фајлс“ биндерс на конзервативни инфлуенсери во Белата куќа. Но тие биндерс речиси и да не содржеа нови информации. Некои од инфлуенсерите реагираа негативно, бидејќи стануваше збор за празен фото-оп.

Таа исто така даде серија збунувачки изјави за тоа што се наоѓа во фајлс, кои подоцна се вратија како проблем за администрацијата.

Кога беше прашана за наводна Епстин клиент лист, таа изјави дека „седи на мојата маса во моментов“, создавајќи големи очекувања. Таа исто така рече дека има „десетици илјади видеа“ од Епстин „со деца или детска порнографија“.

Но кога администрацијата се повлече од ветувањата за транспарентност, овие тврдења беа повлечени. И според досега објавеното, нема докази што ги потврдуваат.

(Бонди подоцна тврдеше дека не мислела конкретно на клиент лист, туку на документи поврзани со Епстин.)

Во суштина, нејзините изјави ќе беа проблематични без разлика на исходот. Но таа ги зголеми очекувањата за нешто што администрацијата подоцна сакаше да го минимизира.

До крајот на оваа сага, Бонди практично беше тргната настрана од комуникацијата за фајлс — улога што често ја преземаше заменик јавниот обвинител Тод Бланш, кој сега привремено го води Одделот за правда.

По нејзиното сведочење во февруари, кое беше речиси комично пренагласено и во кое избегнуваше прашања дури и од републиканците, таа беше соочена со невообичаено двопартиско судско барање повторно да сведочи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом.

Шефицата на кабинетот во Белата куќа, Сузи Вајлс, го сумираше тоа: Бонди „целосно потфрли“ со Епстин фајлс.

Таргетирање на непријателите на Трамп

Веројатно, Бонди се соочи со уште поголеми предизвици кога станува збор за кампањата за одмазда на Трамп.

Додека во неговиот прв мандат Трамп само навестуваше истраги против противници, во вториот јасно стави до знаење дека сака вистински истраги, обвиненија и гонења.

Особено впечатлива беше една објава на социјалните мрежи од септември, подоцна избришана, во која Трамп ја повика Бонди да покрене обвиненија против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, јавната обвинителка на Њујорк, Летитија Џејмс и сенаторот Адам Шиф.

Само неколку дена подоцна, Трамп принуди заминување на еден обвинител кој се спротивставил, а Коми беше обвинет. Околу две недели подоцна, беше обвинета и Џејмс.

Но и двете обвиненија беа засновани на слаби докази, а назначувањето на новиот обвинител беше незаконско. Случаите пропаднаа.

Освен едно поформално обвинение против Џон Болтон, никој друг не беше обвинет во последните пет и пол месеци.

Но не затоа што не се обиделе:

Одделот за правда не успеа да убеди големи пороти повторно да ја обвинат Џејмс.
Не успеа да обезбеди обвинение против шест демократски членови на Конгресот.
Покрена истрага против Адам Шиф.
Истрагата за Џон Бренан се интензивираше.
Трамп издаде извршна наредба за истраги против Крис Кребс и Мајлс Тејлор.
Јавно повика на истрага за Бил Клинтон.
И истрагата против Џером Пауел предизвика реакции дури и кај републиканците.

На едно сослушување минатата недела, адвокат од Одделот за правда призна дека нема реални докази против Пауел.

И во другите случаи доказите се исто така слаби.

Но Бонди и нејзиниот оддел сепак се обидуваа повторно и повторно — затоа што Трамп го бараше тоа.

Ова неизбежно ја стави во лоша позиција. Додека Трамп добива политички поени од ваквите обвинувања, тоа не функционира на суд.

Напротив, ова се сврте против администрацијата — создаде проблеми за таргетираните, но и покажа дека нема вистинска споредливост со обвиненијата против Трамп.

Можеби беше невозможно Бонди да го убеди Трамп. Но случаите речиси секогаш завршуваа лошо за неа.

Како и со Епстин фајлс, нејзиното наследство ќе вклучува сериозно нарушување на границата меѓу личната политика на претседателот и работата на Одделот за правда — најголемо од времето на Вотергејт.

Оној што ќе ја наследи ќе се соочи со истиот проблем: како да го задоволи Трамп и истовремено да постапува етички и реално.

Ако минатото е показател, тоа ќе биде многу тешко да се реши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анализа на Си-Ен-Ен: Пам Бонди беше осудена…

Работното место јавен обвинител можеби е најневозможната…

Тајм објави инсајдерски извештај од Белата куќа:…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…

(Видео) Советничка го спореди Трамп со Исус:…

Советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Паула…

Рубио донесе закон со кој би го…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани…

Иранската војска вети „разорни“ напади врз САД…

Иранската војска во четвртокот вети дека ќе…