Објавено на:

Маж со прострелна рана пронајден во пробиштипско Добрево

t

Вчера попладне, во Пробиштип пристигнала пријава од Итната медицинска помош дека во семеен дом во село Добрево бил пронајден маж со прострелна рана.

Неговиот татко го затекнал во домот и веднаш била побарана медицинска помош, по што случајот бил пријавен и во полиција.

– По извршениот увид и разговорите со таткото и братот, било посочено дека повредата настанала истиот ден, на место викано „Чукар“, во атарот на селото Марчино, додека мажот го чистел своето ловечко оружје, информираа од МВР. 

Повредениот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му е укажана понатамошна медицинска грижа.

Од местото на настанот била подигната ловечката пушка со патрони, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип. Се преземаат мерки за негово расчистување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19-годишен кумановец е уапсен, на улица нападнал…

Тинејџер на возраст од 19 години вчера…

Брутално претепана малолетна девојка, партнерот ја удрил…

Малолетна девојка била физички нападната во централното…

ХАОС ВО КАЗИНО во Кисела Вода: Кршеле…

Две лица предизвикале инцидент во казино на…

83-годишен маж загина во пожар во куќа…

83-годишен маж загинал во пожар што утрово…