Се урна дел од плафонот во Центарот за култура во Битола, настаните одложени

t

Попуштил дел од плафонот во Големата сала на Центарот за култура во Битола, но оштетувањата биле навреме забележани и санирани, без да предизвикаат поголеми последици или опасност за посетителите, објави СДК, објави 4news.mk МК.

Директорот на установата, Сашо Илковски, кој раководи со Центарот во изминатите осум месеци, изјави дека плафонските елементи биле прицврстени со шајчиња од 40 милиметри за внатрешната дрвена конструкција, што најверојатно придонело за нивното попуштање.

„Се пристапи кон отстранување на десетина иверици од внатрешноста. Од вчера веќе почнавме да истражуваме кои компании ќе можат да го санираат. Денес или утре ќе почне санацијата“, изјавил Илковски за СДК.МК.

Тој додал дека според информации од вработени, слични проблеми со плафонот имало и во минатото, во два наврата, но биле санирани.

Поради настанатата состојба, привремено се одложени сите настани во Центарот за култура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гостиварец се обидел да спречи тепачка меѓу…

Гостиварец бил физички нападнат додека се обидувал…

Иран егзекутира млада жена: тврдела дека убила…

Иран егзекутира млада жена која тврдела дека…

Речиси секој четврти Македонец е пушач –…

Македонија се наоѓа во групата земји со…

10 земјотреси во светот во 2026 година…

Силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди…

(Видео) Царината спречи шверц на 3.000 игли…

На граничниот премин Блато спречен е обид…