„СДСМ не само што не е мртва туку и разликата со ВМРО се топи“, смета Филипче

t

СДСМ не само што не е мртва партија, туку разликата со ВМРО-ДПМНЕ континуирано се намалува – порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

Во однос на изјавите на поранешниот претседател Стево Пендаровски, Филипче потенцираше дека тие се извадени од контекст и злоупотребени во функција на координирана кампања против СДСМ.

„Кога ќе се погледне целата изјава, јасно е дека станува збор за поддршка на процесите што ги водиме во партијата. Но, во изминатите денови сведочиме на засилена црна кампања од провладини медиуми и агитатори, кои намерно креираат лажна слика за наводни поделби и слабости во СДСМ“, истакна Филипче.

Тој постави јасно прашање: ако СДСМ е „мртва партија“, зошто 90% од нападите на провладините медиуми се насочени токму кон СДСМ и лично кон него?

„Ја напаѓаат партијата и се занимаваат само со СДСМ, а кажуваат дека е мртва партија. Па како е мртва партија, зошто деведесет проценти од црната кампања, од провладините медиуми, е против нас? Зошто е против мене лично? Дискредитации, навреди, несоодветни зборови и така натаму. И јас ќе ви кажам што е причината. Не само што не е мртва партијата, туку главната причина е што на анкетата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја преплати 400 илјади евра на една агенција провладина, разликата помеѓу нас и нив, а таа анкета не ја покажуваат, за разлика од периодот после изборите 2024 до изборите 2025 кога разликата беше 1:3 сега е падната на 1:2,5 и тие се во паника.“ рече Филипче.

Претседателот Филипче доддека дека причината за нервозата на власта е и фактот што СДСМ секојдневно објавува случаи на корупција, сомнителни тендери и злоупотреби на државни ресурси.

„Ова е најкорумпираната влада што ја имала државата. Наместо да работи за граѓаните, власта се занимава со дискредитации, навреди и црни кампањи против опозицијата“, истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезноста во Бугарија до 14 часот е…

Излезноста на претседателските избори во Бугарија до…

Излезноста до 11 часот во Брвеница е…

Членови на Државната изборна комисија предводени од…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…

Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…

Европската комисија застана зад Туск: Бара од…

Европската комисија застана на страната на полскиот…