Поранешниот шеф на МААЕ ги повикува ОН, ЕУ и земјите од Заливот да го спречат „лудилото на Трамп“
Поранешниот шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Али Мохамед Ел Барадеј, ги повика Советот за безбедност на Обединетите нации, Европскиот совет и францускиот претседател Емануел Макрон да го спречат лудилото на американскиот претседател Доналд Трамп, кој му даде на Иран рок од 48 часа во саботата да го отвори Ормутскиот теснец.
Трамп вчера изјави дека времето истекува за отворање на Ормутскиот теснец и дека ако Иран го стори тоа ќе биде жестоко нападнат.
„Не може ли нешто да се направи за да се спречи ова лудило?“, праша Ел Барадеј во објава на платформата X, обраќајќи се меѓу другите и на институциите што ги спомена.
Како одговор на објавата на Трамп, Ел Барадеј, исто така, ги повика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, министерствата за надворешни работи на Кина и Русија и земјите околу Персискиот Залив да интервенираат.
„Владите од Заливот, ве молам, уште еднаш, направете сè што е во ваша моќ пред овој лудак да го претвори регионот во огнена топка…“, рече Ел Барадеј. Додека беше шеф на МААЕ од 1997 до 2009 година, Ел Барадеј, египетски адвокат, постојано изразуваше загриженост во врска со капацитетот за збогатување ураниум на Иран, но во текот на 2000-тите често се судираше со САД, кои го сметаа за премногу попустлив.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…