Католиците низ светот денес го слават Велигден
Католичките верници ширум светот денес го одбележуваат Велигден, еден од најзначајните христијански празници, посветен на воскресението на Исус Христос.
Зборот „Велигден“ означува премин – за христијаните тоа е преминот од физичка и духовна смрт кон нов, вечен живот. Празникот го симболизира повторното раѓање на христијанството, а неговото одбележување датира уште од 2 век.
На Велигден му претходи четириесетдневен пост, познат како Велики пост или Велигденски пост, кој започнува со Пепелна среда и завршува со Цветници. Овој период симболично ги претставува 40-те дена што Исус Христос ги поминал во пустината, во молитва, пост и искушенија.
Празникот се одбележува со свечени богослужби во црквите, каде верниците палат свеќи и упатуваат молитви во чест на Христовото воскресение. По литургијата, следуваат семејни и заеднички прослави, исполнети со музика и радосна атмосфера.
Во многу земји, Велигден се одбележува и со хуманитарни активности, како и со традиционални обичаи. Еден од најпрепознатливите симболи на празникот е јајцето, кое го претставува животот и воскресението. Затоа, украсувањето на јајца и популарните „ловови на јајца“ се неизоставен дел од велигденските традиции во многу култури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Католиците низ светот денес го слават Велигден
Католичките верници ширум светот денес го одбележуваат…
Македонија со второ најголемо поскапување на јајцата…
Цените на јајцата пред Велигден растат низ…
ДЕНЕСКА Е ТОМИНА НЕДЕЛА: Мал Велигден, една…
Денеска е Томина Недела или Нова Недела,…
Денеска се празнува Светол Понеделник
Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…
Македонците во Белгија го чествуваат Велигден
Со традиционалниот поздрав „Христос Воскресна, Навистина Воскресна“…