Почина Родољуб Анастасов – македонски уметник и професор кој 2 години беше на робија на Голи Оток
Родољуб Анастасов, доајенот на македонското сликарство и професор од првата генерација професори на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ), почина вчера во Скопје, објави денеска Фондацијата посветена на делото на уметникот. Имаше 91 година.
„Вчера почина големиот професор, сликар и бескраен трагач по одговорите за човекот, времето и просторот – Родољуб Анастасов“, објави Фондацијата.
Анастасов бил ученик на Лазар Личеноски, Димитар Пандилов и Васил Коџоман, а во 1962 дипломирал на Уметничката академија во Белград. Од 1963 до 1965 бил на робија на Голи Оток како политички осуденик за вербален деликт, поради несогласување со ставовите за апстрактната уметност на југословенскиот лидер Јосип Броз-Тито. По враќањето во Скопје почнал да работи на полето на нефигуративната уметност. Од 1980 до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје.
Анастасов“ каде секоја година се отвара поставка со дела од колекцијата и која често и самиот ја посетуваше.
Последната изложба на Анастасов со нови дела беше во Музејот на Град Скопје во јули 2023, насловена „Визии-Глава полна со луѓе“ со над 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022.
Лани во февруари, во чест на неговиот 90. роденден, беше отворена изложбата „Сите деца на Родољуб Анастасов“, со дела на 42 уметници кои биле студенти од сликарските класи на професорот Анастасов од ФЛУ (1980-2000).
„Анастасов, покрај тоа што подари на својата Македонија безмалку 500 дела од целокупниот свој бесценет сликарски опус, што е одраз на неговото големо родољубие, сепак, тоа што е уште поголемо родољубие и тоа што самиот Анастасов го смета за свој најголем придонес кон општеството е што тој со својот спокоен и ненаметлив сензибилитет, затскриен зад навидум намќорестата молчалива физиономија, но, исполнет со бескрајна љубов и грижа за ‘другиот’, успеа да си обезбеди трајно место во срцата на своите ученици и студенти од Училиштето за применета уметност (1968) и Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје (1980-2000), каде предавал цртање и сликање на додипломски и постдипломски студии“, рекоа тогаш авторите на изложбата, Јасминка Намичева и Екатерина Намичева-Тодоровска.