Објавено на:

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

t

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот што му го даде на Техеран за отворање на Ормуската Теснина.

– Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на Алах, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп и вчера му се закани на Иран дека има 48 часа да склучи договор, а во спротивно, како што наведе „целиот пекол ќе се урне врз нив“.

Трамп денеска објави и дека  дека американската војска го спасила „длабоко во планините на Иран“ вториот член на екипажот на борбениот авион Ф-15 што беше соборенен од иранската противвоздушна одбрана. Тој додаде дека спасениот пилот е „сериозно повреден, но и навистина храбар“ и оти операцијата за спасување била исклучително ризична

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран

Колумбија ги прекина дипломатските односи со Иран…

ОАЕ воведе санкции за најголемата државна банка…

Централната банка на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)…

Иран само во септември заработил повеќе од…

Приходите на Иран од продажба на нафта…

Иран тврди дека сè уште ја контролира…

Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец,…

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…

Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…