Објавено на:

Нетанјаху му честита на Трамп за смелата одлука и спасувањето на американскиот пилот од Иран

t

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека лично му честитал на американскиот претседател Доналд Трамп за донесувањето смела одлука и совршено извршената американска мисија за спасување на соборениот американски пилот од непријателска територија во Иран, нагласувајќи дека и Израел придонел во операцијата.

„Претседателот Трамп ја изрази својата благодарност за помошта на Израел. Длабоко сум горд што нашата соработка надвор од бојното поле е без преседан и што Израел можеше да придонесе за спасувањето на храбар американски воин“, се вели во објавата на Нетанјаху на мрежата X.

Во врска со соработката со Израел, Трамп синоќа изјави дека Израел им помогнал на САД во гореспоменатата операција, но дека поголемиот дел од акцијата била американска.

„Израелците се добри партнери, храбри луѓе. Работиме заедно како постар и помлад брат“, заклучи Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…