Грчките власти ги следат плажите на Родос откако околу 43 килограми хашиш беа исфрлени на брегот
Повеќе од 40 килограми хашиш, со улична вредност од 320.000 евра, биле пронајдени исфрлени на брег на плажа на југоисточниот остров Родос, соопштија грчките власти.
Според Катимерини, дрогата е откриена во петокот во Плимири, во близина на Линдос, се наведува во соопштението на Крајбрежната стража. Во него се додава дека дрогата била спакувана во затворена плетена корпа од слама и имала вкупна тежина од 42,8 килограми.
Грчките власти на Родос сега ги следат плажите за евентуални нови пакети со хашиш. Сè уште не е јасно од каде потекнува дрогата пронајдена во Плимири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…
82-годишник почина по кавга за лежалка во…
Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…