Менди Ќира доби кривична од МВР, тврди било почитичка бучава
Кривичната пријава против градоначалникот на Општина Струга повеќе наликува на очајнички обид за создавање политичка бучава, отколку на вистинска загриженост за законитоста, стои во реакцијата на градоначалникот Менди Ќира откако претпладнево МВР му поднесе кривична пријава за „несовесно работење во службата“ бидејќи го назначил Меџаит Јусуфоски за в.д. директор на струшки Водовод иако не ги исполнувал условите.
-Да бидеме јасни: назначувањето на Меџаит Јусуфоски како вршител на должност е направено во согласност со законот, како внатрешно и итно решение, во момент кога ЈП „Водовод и канализација“ беше на работ на колапс. Некој мораше да го преземе кормилото и тој го направи тоа, реагираат од кабинетот на Ќира.
Полицијата соопшти дека Јусуфоски бил назначен без да има соодветно факултетско образование и немал соодветен сертификат за англиски јазик, а тоа осомничениот Ќира го знаел, но сепак го назначил.
-Да, можеби нема сертификат за англиски јазик… но направи нешто што многумина „сертифицирани“ не успеаа со години: за само три месеци ги удвои приходите на претпријатието и ја стабилизираше состојбата на истото. За да ја информираме јавноста, ова претпријатие повеќе од еден месец функционира со нов директор, Јованчо Мечаркоски, а не со вршителот на должност Јусуфоски.Затоа, пред да се пласираат обвинувања, добро е да се погледнат фактите. Бидејќи граѓаните не живеат од пријави, туку од услуги што функционираат, стои во реакцијата.
Јусуфоски во февруари си даде оставка во февруари, помалку од три месеци од назначувањето. Тој тогаш изјави дека има морална одговорност бидејќи претходно од водоводот во Струга почна да тече вода полна со кал и беше забранета за употреба цел месец. Изворот Шум беше загаден од градежни работи во блиската околина.
Пријавата пак според градоначалникот е политичка бучава наместо реформи и услуги за граѓаните.
-Реформите не запираат од бучава. Напротив, тоа само ја зајакнува решеноста да се продолжи со промените што Струга одамна ги чека. Градоначалникот останува целосно отворен за соработка со институциите на правдата, но и решен е да не дозволи враќање во времето кога јавните претпријатија служеа за сè, освен за граѓаните, стои во реакцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Менди Ќира доби кривична од МВР, тврди…
Кривичната пријава против градоначалникот на Општина Струга…
Мохамед Ел Барадеи: Спречете го „лудакот“ пред…
Поранешниот директор на Меѓународната агенција за атомска…
Приведени Холанѓани во Скопје: Неовластено снимале со…
Вчера во 23:05 часот во Скопје, поточно…
Трамп: Утрешниот рок за постигнување договор со…
– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави…
Таткото на починатиот шанкер: „Го ставиле управител…
Во судницата во Идризово продолжи судскиот процес…