Објавено на:

Моџтаба Хамнеи е во тешка здравствена состојба, изгубил свест

t

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, кој бил ранет во американско-израелските напади во кои беше убиен неговиот татко Али Хамнеи, наводно е онеспособен и прима медицински третман во градот Ком, пренесе „Ен-ди ТВ“.

Според дипломатска белешка, 56-годишниот свештеник бил во бессознание и се лекувал поради „тешка здравствена состојба“.

Ова е првпат да биде откриена локацијата на врховниот лидер на Иран. Централниот град Ком се наоѓа на околу 140 километри јужно од Техеран. Градот се смета за свет во шиитскиот ислам и е познат како верска престолнина на Исламската Република.

„Моџтаба Хамнеи се лекува во Ком во тешка состојба и не е во можност да учествува во какво било одлучување на режимот“, се вели во документот, за кој се верува дека се темели на американски и израелски разузнавачки информации споделени со сојузниците од Заливот.

Информациите за локацијата на врховниот лидер, наводно, ѝ биле познати на американската и израелската шпионска служба веќе извесно време, но досега не биле јавно објавени.

Погребот на Али Хамнеи

Според извештајот, телото на постариот Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелските напади на 28 февруари, се подготвува за погреб во Ком, кој се смета за седиште на шиитската свештеничка моќ.

Американските и израелските разузнавачки служби, наводно, имаат сознанија и за подготовките за „поставување на темелите потребни за изградба на голем мавзолеј во Ком“ за „повеќе од еден гроб“, што сугерира дека и други членови на семејството би можеле да бидат погребани покрај покојниот врховен лидер.

Според извештај на „Тајмс“, и самиот Моџтаба Хамнеи би можел да биде погребан во мавзолејот, што упатува на можноста состојбата на новиот врховен лидер да е критична.

Досега, ниту Вашингтон ниту Техеран не дадоа никаква изјава за тврдењата изнесени во извештајот.

Што вели Иран за Моџтаба Хамнеи?

Иран потврди дека помладиот Хамнеи бил ранет во истиот воздушен напад во кој беа убиени неговиот татко, неговата мајка, неговата сопруга Захра Хадад-Адел и еден од неговите синови, уште на првиот ден од војната што повеќе од пет недели го разгорува Блискиот Исток.

Новиот врховен лидер не е виден ниту слушнат во јавноста од почетокот на војната, иако беше избран да го наследи својот татко во почетокот на март. Неколку соопштенија што му се припишуваат на Хамнеи беа прочитани на иранската државна телевизија, но отсуството на аудиоснимка од неговиот глас дополнително им дава тежина на непотврдените извештаи дека тој и натаму е во критична состојба.

Техеран вчера објави и видео изработено со вештачка интелигенција, на кое лидерот влегува во воена сала и анализира карта од израелската нуклеарна централа во Димона.

Иако иранските власти тврдат дека новиот врховен лидер „ја води“ државата, претходни извештаи веќе алудираа на неговата здравствена состојба. Американски извештаи тврдеа дека тој се лекува во кома во болница, додека други наведуваа дека има скршеница на ногата и повреди на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел се заканува дека ќе го „елиминира“…

По најновиот бран ирански ракетни напади, израелскиот…

Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…