Советот на јавни обвинители утре ќе ја констатира оставката на Ленче Ристоска
Денеска е последниот работен ден на Ленче Ристоска како обвинителка. Откако таа си поднесе оставка, Советот на јавни обвинители одлучи истата да биде констатирана утре, на седница која одлучија да биде закажана пред велигденските празници.
Ристоска пред пет дена, на 2 април соопшти дека си поднесува оставка од обвинителската функција, а откако Советот на јавни обвинители одлучи дека врз неа немало притисок од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и од лидерот на партијата и премиер, Христијан Мицкоски. Истовремено, новиот државен јавен обвинител Ненад Савески одлучи да ја тргне од предметите против владејачката партија, „Талир 1“ и „Талир 2“, а кои таа ги води од самиот почеток.
„Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни непријатели — такви кои ги користат своите моќ, влијание и конекции за да избегнат одговорност и да ве оттргнат од вашата намера. Тоа подразбираше опструкции на различни нивоа, институционални и лични. Низ годините бевте сведоци на многу од тие случувања: влијание врз сведоци, вршење притисоци, менување на законски решенија, чување предмети во фиока и застарување на предмети. Сето тоа не ме спречи да опстојам во моите заложби, па јавно ги критикував состојбите во правосудството без оглед на општествено-политичкиот контекст и без калкулации за последиците по мојата кариера. Сите тие напори сакав да ги заокружам од раководна позиција преку мојата кандидатура за државен јавен обвинител, со јасна визија, акумулирано знаење и изградена отпорност спрема влијанија и притисоци. Верував дека е дојдено времето за институција чија водилка ќе биде јавниот интерес, борбата против корупцијата и криминалот и заштитата на правата на граѓаните. Оваа недела Советот на јавни обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза“, наведе меѓу другото обвинителката Ристоска во соопштението а по поднесувањето на оставката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на јавни обвинители утре ќе ја…
Денеска е последниот работен ден на Ленче…
Савески: Жалам за оставката на Ристоска, сите…
Во принцип не сакам да коментирам лични…
Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка
Обвинителката Ленче Ристоска која беше кандидат за…
Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…
25 години од почетокот на воениот конфликт…
Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…