Објавено на:

Левит: Само претседателот Трамп знае што ќе направи во Иран

t

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит изјави дека Иран во следните неколку часа треба да постигне договор со САД.

– Режимот на Иран има рок до 20 часот по источноамериканско време (два часот по средноевропско време) да одговори на ситуацијата и да постигне договор со САД. Само претседателот знае како стојат работите и што ќе направи, наведе Левит.

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера се закани со „целосно уништување“ на иранската цивилна инфраструктура и му даде рок на Техеран итно да ги запре сите воени активности и да ја деблокира на Ормуската Теснина. Тој денеска на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави: „Цела една цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, КОЈ ЗНАЕ? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. Четириесет и седум години уцена, корупција и смрт конечно ќе завршат. Господ да го благослови големиот народ на Иран“!

Според американските медиуми, по заканите на Трамп демократите во Претставничкиот дом бараат поддршка од републиканците за укинување на воените ингеренции на претседателот во однос на Иран. Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, и други членови на демократското раководство денеска ги повикаа републиканците да закажат седница и да гласаат за прекин на војната со Иран.

– Доналд Трамп е целосно надвор од контрола. Неговата закана да уништи цела цивилизација ја шокира совеста и бара силен одговор од Конгресот. Претставничкиот дом мора веднаш повторно да се состане и да гласа за прекин на оваа безобѕирна војна на Блискиот Исток пред Доналд Трамп да ја втурне нашата земја во трета светска војна, истакнаа демократите.

На заканите на Трамп реагираше и високиот комесар на Обединети нации за човекови права, Волкер Турк осудувајќи ја „провокативната реторика“ и предупреди дека напади врз цивили и цивилна инфраструктура претставуваат воено злосторство.

– Според меѓународното право, намерното таргетирање на цивили и цивилна инфраструктура е воено злосторство. Секој што е одговорен за меѓународни злосторства мора да одговара пред надлежен суд, истакна Турк без да ги именува САД, Израел или Иран.

И генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази длабока загриженост од заканата на Трамп за уништување на „цела цивилизација“.

Ниту една воена цел не го оправдува масовното уништување на општествената инфраструктура или намерното нанесување на такво страдање врз цивилното население, наведе Гутереш.

Европска Унија официјално не ги коментираше заканите на Трамп за уништување на Иран, но наиде на остра осуда од страна на дел од европратениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левит: Само претседателот Трамп знае што ќе…

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит изјави…

Детали за апсењата од утринава: седум уапсени,…

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана…

Русија и Кина ја блокираа резолуцијата на…

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата…

Георгиева кажа кои земји ќе бидат најпогодени…

Од Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) велат дека последиците…

Иран: Заканите на Трамп нема да придонесат…

Портпаролката на владата на Иран, Фатемех Мохаџерани,…