Двајца се повредени – МВР со детали за нападот со оружје на гробиштата во Бутел
Уапсени се трите лица кои вчера на гробиштата во Бутел нападнаа и повредија двајца вработени во АД „Бутел“, известија утрово од полицијата.
– На 07.04.2026 во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје – гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож), соопштија од МВР.
Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. Имено, според пријавеното, вработените ги забележале лицата во близина на едно гробно место и бидејќи од претходно им биле познати како извршители на кривични дела „тешки кражби“ ги предупредиле дека ќе повикаат полиција, по што биле нападнати, појаснуваат од полицијата.
Тројцата се приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19-годишен кумановец е уапсен, на улица нападнал…
Тинејџер на возраст од 19 години вчера…
Брутално претепана малолетна девојка, партнерот ја удрил…
Малолетна девојка била физички нападната во централното…
ХАОС ВО КАЗИНО во Кисела Вода: Кршеле…
Две лица предизвикале инцидент во казино на…
Скопјанка пронајдена почината во стан во Кисела…
На 27.09.2026 во 10:00 часот во СВР…
83-годишен маж загина во пожар во куќа…
83-годишен маж загинал во пожар што утрово…