„Сопругот чува дрога во мојот стан“: Ивана го пријавувала Стојанче кој седел заклучен во станот и не сакал да ѝ ја отвори вратата
Сега починатата Ивана Јовановска на бројот 112 го пријавила сопругот Стојанче Јовановски на 15 октомври 2025 година дека чува дрога во нејзиниот стан на булевар „Теодосиј Гологанов“. Ова можеше да се слушне од аудиоснимка од центарот за итни случаи 112, а која беше презентирана од Обвинителството во судница.
На снимката може да се слушне дека Ивана се јавува на бројот и бара да биде поврзана со полиција, оти Стојанче Јовановски чува дрога и дека додека го пријавува е заклучен во станот и не ја пушта да влезе.
„Сакам да пријавам дека сопругот чува дрога во мојот стан“, вели Ивана.
Операторот, според она што се слуша на снимката бара податок за име на сопругот, а Ивана без да го каже името, бара да ја поврзат со полиција. Потоа му се обраќа на Стојанче велејќи: „Ќе отвориш или да те пријавам?“. Откако најверојатно тој преку затворена врата и одговара, му вели: „А, сигурен си?“, по што повикот завршува.
Повикот следи по претходното нејзино јавување утрото во 8 часот и 38 минути, кога таа се јавила на 112 и го прашува операторот каде да се обрати кога некој ѝ го има заклучено станот и не ја пушта да влезе во него.
Операторот и одговара да се јави на куќен совет, а ако не успее, тогаш операторот ќе ја поврзе со Пожарна. Ивана во повикот објаснува дека куќниот совет нема клучеви од нејзиниот стан и бара да ја поврзат со полиција, но операторот пак ѝ вели да се консултира со куќниот совет па ќе ја поврзат со Пожарна за да ја скршат вратата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Сопругот чува дрога во мојот стан“: Ивана…
Сега починатата Ивана Јовановска на бројот 112 го…
Мајката на Стојанче си го пријавувала синот…
Обвинителството изведува материјални докази против обвинетиот Стојанче…
Асанов, осомничен за убиство на 79 годишната…
Во штипскиот Основен суд денеска продолжи судењето…
Стојанче до сведокот Саздов: „Дали со Ивана…
Стојанче Јовановски кој е обвинет за наведување…
Ивана на видео повик му кажа на…
По паузата, во Кривичниот суд сведокот Мартин…