Љутков најави почеток на градба на Универзална сала – Компанија понудувач најави кривични за сите учесници во постапката!
По долги години чекање и административни пречки, денес официјално можеме да објавиме: започнува реконструкцијата и модернизацијата на Универзалната сала – еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија, соопшти Министерството за култура.
Министерството за култура и туризам, информира дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала успешно е заокружена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда. Со ова се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните работи.
Со решението дефинитивно се потврдува Одлуката за избор на најповолна понуда од 23.03.2026 година и е одбран конечен изведувач на проектот.
Проектот се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата на Универзалната сала треба да заврши до декември 2027 година. Ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носењето на престижната титула – Европска престолнина на културата 2028.
„Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани. Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, инвестиција во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации.
Министерството за култура и туризам останува целосно посветено на транспарентно, законито и брзо реализирање на сите капитални проекти кои го зајакнуваат културниот идентитет на земјава“, се вели во соопштението.
Другата компанија, која учествуваше како понудувач најави дека против сите учесници во постапката (одговорно лице и две комисии првостепена и второстепена) ќе покрене и управна и кривична судска постапка.
– Во судска постапка ќе докажам дека избраниот понудувач не ги исполнувал сите пропишани услови од јавната набавка. Дека однапред е фаворизирана фирмата изведувач, велат од компанијата.
Инфомакс претходно пишуваше за оваа состојба. Деталите прочитајте ги на линкот во продолжение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Салата на УКИМ која чинеше 2,5 милиони…
Спортската сала на УКИМ, во која државата…
Герасимовски: Го враќаме сјајот на Работнички, се…
Општина Центар информира дека реконструкцијата на спортската…
НБА вода да носи: Максо дал 10…
Десет милиони денари потрошил кумановскиот градоначалник Максим…
СДСМ: Лагите на Љутков се параван на…
Лагите на актерот Љутков и ДПМНЕ се…
(Фото) Скандал: Салата Парк во Струмица е…
До редакцијата на Инфомакс стигнаа фотографии и…