Протести во Ирска: блокирани патишта поради високите цени на горивата
Демонстранти во Ирска, незадоволни од високите цени на горивата, со камиони и трактори денеска блокираа главни патишта и автопати низ земјата.
Протестите започнаа вчера, кога возачи се собраа во центарот на Даблин и во други градови, оценувајќи дека владината мерка од 250 милиони евра за привремено намалување на акцизите не е доволна по растот на цените на нафтата предизвикан од конфликтите на Блискиот Исток.
– Со овие цени на горивото, веројатно сум два месеци од банкрот на мојата фирма. Ние сме притиснати до ѕид – изјави претприемачот Кристофер Дафи, кој учествува во блокадата на главната улица О’Конел во Даблин.
Значителни сообраќајни застои се регистрирани и на автопатите кон другите големи градови, додека блокадите на складишта за гориво доведоа до прекин на испораките во Голвеј и Лимерик, при што најмалку една бензинска пумпа останала без гориво.
Ирската влада го поздрави двонеделниот прекин на огнот во Иран, изразувајќи очекување дека тоа ќе доведе до глобално намалување на цените на горивата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Херој на плажа во Ситонија: За неколку…
Од обично летување на Ситонија до драматична…
Пожар во Јегуновце се шири кон Бојане…
Активен шумски пожар избувна на територијата на…
Земал 200 евра за наводно лекување на…
Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка…
Ангелов: Три „ер трактори“ се борат со…
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце,…
Приведено лице од Бучим, при преглед на…
На 13.08.2026 година, на магистралниот пат Радовиш–Штип,…