ДУИ: Предлог-законот за правична застапеност е „брутален регрес“

t

Демократската унија за интеграција реагира на предлог-законот за правична и соодветна застапеност, оценувајќи дека станува збор за отворено предавство од страна на ВЛЕН на досегашните достигнувања во областа на еднаквоста.

Од партијата велат дека наместо напредок, предложеното законско решение претставува, како се посочува, брутален регрес, потенцирајќи дека документот не ги содржи клучните механизми за обезбедување правична застапеност.

„Предлог-законот за правична и соодветна застапеност, изработен од Каракамишева и гласно поддржан од ВЛЕН, не е напредок, туку брутален регрес. Секогаш кога мислиме дека го допреле дното, тие наоѓаат нов начин да паднат уште подолу“, велат од ДУИ.

Според ДУИ, во предлогот што циркулира низ медиумите не се предвидени етнички квоти, што, како што наведуваат, може да доведе до состојба слична на периодот пред 2001 година, кога застапеноста на Албанците во администрацијата била минимална.

Дополнително, се посочува дека не постои обврска институциите да ги идентификуваат граѓаните по етничка основа при вработување или унапредување, ниту пак се предвидени санкции за непочитување на одредбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Предлог-законот за правична застапеност е „брутален…

Демократската унија за интеграција реагира на предлог-законот…

Османи тврди дека се подготвува план за…

Поранешниот министер и функционер на ДУИ, Бујар…

Тачи не го поддржува протестот за правосуден…

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух…

Ахмети: Уставниот суд е инструмент за дестабилизирачки…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во отворено…

ДУИ: Спроведување на Законот за јазиците наместо…

Секоја нова иницијатива која има за цел…