Албанија го отвора патот за производство на бродови и борбени беспилотни летала

t

Тирана – Албанскиот министер за одбрана Ермал Нуфи објави дека албанската влада ја овластила албанската државна компанија за производство и трговија со оружје „KAYO” да преговара и да склучува договори со две меѓународни компании за производство на бродови и борбени беспилотни летала во Албанија, јави Албанската радиотелевизија.

Нуфи ова го изјави по седницата на влада, додавајќи дека двете компании со кои ” KAYO” ќе преговара се италијански, оценувајќи при тоа дека “овој чекор ќе биде поттик за воената индустрија на земјата, како и за создавање нови работни места”.

-Ова е историски чекор, бидејќи за првпат по толку години, во земјата се создадени услови за производство на такви средства. Одлуката беше дискутирана и на заедничкиот состанок на албанската и италијанската влада во ноември 2025 година,рече Нуфи.

Во април 2025 година „KAYO” и италијанската бродоградбена компанија „Fincantieri” потпишаа договор за соработка, со што се означи почетокот на заедничките активности во поморската индустрија. Договорот вклучува производство на бродови во Албанија за потребите на албанската морнарица, но во иднина и за извоз.

Министерот за одбрана зборуваше и за учеството на албанските вооружени сили во меѓународни мисии, дефинирајќи го како доказ за обука на албански воен персонал и активната улога на Албанија како учесник во заеднички интервенции со партнерите.

На прашањето на новинарите дали Албанија ќе дозволи користење на базата на НАТО во Кучово, на југот на Албанија од страна на САД за операции против Исламската Република Иран, Нуфи одговори дека за тоа ќе се одлучи кога ќе се прими такво барање. Тој додаде дека секоја таква одлука ќе биде донесена во целосна координација со сојузниците и во согласност со обврските на Албанија кон НАТО.

Албанија беше примена во НАТО на први април во 2009 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На денешен ден во 1992 година Македонија…

Периодот по осамостојувањето на Македонија беше обележан…

Трамп го брани Инфантино: „Ако го смените,…

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана…

Два активни и 20 изгаснати пожари во…

Во изминатото деноноќие на територијата на државата…

Расте бројот на загинати во земјотресот во…

Најмалку 132 лица загинаа во Колумбија по…

Трамп потпиша извршна уредба со која се…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа потпиша извршна…