Мицкоски: Само заедно, со меѓусебна почит и разбирање, можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме

t

Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по повод Велигден:

Драги пријатели, во овие светли денови на Христовото Воскресение – Велигден, дозволете ми од срце да ви упатам искрени честитки за здравје, мир и благосостојба во секој дом.

Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по секоја жртва – заслужена надеж.

Свесен сум дека постојат неизвесности и предизвици, но нашата определба е јасна, да продолжиме со одговорни политики, да ја зајакнеме економијата, да го заштитиме животниот стандард и да создадеме сигурна иднина за сите.

Во духот на овој голем празник, сакам да испратам порака на единство. Само заедно, со меѓусебна почит и разбирање, можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме стабилна, праведна и напредна. Држава во која трудот се вреднува, а иднината се гради врз темели на доверба и одговорност.

Нека празничните денови ви донесат спокој, топлина и сила да продолжиме напред, посилни, пообединети и со јасна визија за иднината.

Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Само заедно, со меѓусебна почит и…

Честитка од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски…

Гаши: Нека Велигден биде поттик за уште…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод…

Денес се празнува Воскресение Христово – Велигден

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија…

СДСМ: Јагнешкото е 700 денари, поскапеа и…

Соопштение за јавност на СДСМ Владата предводена…

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје…

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре…