Објавено на:

Избори во Унгарија: Излезноста урива рекорди – ја достигна конечната излезност во претходните изборни циклуси

t

Излезноста на изборите во Унгарија продолжува да урива рекорди – во 15 часот таа достигна 66 проценти, бројка која во претходни изборни циклуси се гледала дури на крајот на денот.

Водечките партии ја поздравуваат високата излезност и сметаат дека тоа е доказ дека двете страни успеале да ја привлечат својата база на избори, како и огромен процент од обично неопределените гласачи.

Премиерот Виктор Орбан упати повик до граѓаните да продолжат да гласаат затоа што „мирот и безбедноста на Унгарија може да зависат од еден глас“.

-Рекордна излезност на изборите. Уште два часа до крај. Сега мора да притиснеме до крај. Гласајте и повикајте ги сите да гласаат, секој глас може да биде решавачки, порача Петар Маѓар, лидерот на опозициската партија Тиса.

Про-опозициските медиуми укажуваат дека изборните места со највисока излезност се во урбаните области на земјата што, според нив, е показател дека партијата Тиса има предност. Порталот 444 посочува дека излезноста е ниска во северо-источна Унгарија, која е најмалку развиен дел на земјата. Фидес ужива висока поддршка во оваа област. Највисока излезност, пак, се бележи во пошироките предградија на Будимпешта – која е наклонета кон опозицијата.

Од друга страна, унгарскиот про-владин медиум Индекс денеска го цитираше американскиот политички стратег Џон Меклафлин, кој работи на кампањите на Трамп и на Орбан.

Според Меклафлин, Фидес на Орбан има предност од 4 проценти пред Тиса и високата излезност и одговара на владејачката партија.

Американскиот експерт додава дека високата излезност е доказ дека изборната трка во нејзината целина била изедначена и дека граѓаните го чувствуваат тоа – за разлика од повеќемесечното инсистирање на опозицијата дека тие имаат недостижна предност над Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избори во Унгарија: Излезноста урива рекорди –…

Излезноста на изборите во Унгарија продолжува да…

Иранскиот преговарач за неуспешните преговори: Не им…

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф,…

И американските и иранските претставници го напуштија…

Високите претставници на американската и иранската делегација…

Ел Нињо се враќа, на праг сме…

По слабеењето на Ла Ниња, светските климатски…

Арагчи тргнал да го шлапа Виткоф: За…

Турскиот новинар и координатор за безбедносна политика…