Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува најсилно
Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредува дека македонската економија се соочува со сериозни ризици од нов бран инфлација и пад на животниот стандард. Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој оцени дека дури и во најоптимистичко сценарио, граѓаните ќе живеат полошо, а економскиот раст ќе забави.
Јовановиќ ја отфрли перцепцијата дека земјата може самостојно да се прехрани, нагласувајќи дека Македонија со години е зависна од увоз на храна, објави 4news.mk Според него, растот на цените на енергенсите веќе се прелева врз храната, што значи дека вистинскиот удар допрва следува.
„Кога цените растат, платите и пензиите реално вредат помалку. Луѓето трошат помалку, фирмите инвестираат помалку – и така се забавува целата економија“, објасни тој.
Анализите на институтот покажуваат дека инфлацијата може да достигне околу 5 проценти, што е значително над претходните проекции. Дополнително, цените на горивата веќе се на рекордни нивоа, а според Јовановиќ, мерките на Владата не даваат доволен ефект.
Тој предупреди дека глобалните случувања, особено тензиите поврзани со Иран и ризикот околу Ормудскиот теснец, создаваат долгорочна неизвесност. Иако цената на нафтата делумно се стабилизирала, таа и понатаму останува висока, што ќе продолжи да врши притисок врз цените.
Јовановиќ оценува дека растот на БДП не ја отсликува реалната состојба, бидејќи профитите растат кај мал број компании, додека дел од граѓаните осиромашуваат.
„Имаме раст на хартија, но во реалноста десетици илјади луѓе паѓаат под линијата на сиромаштија“, истакна тој.
Како решение, економистот предлага директна поддршка за граѓаните преку раст на платите и пензиите, предупредувајќи дека без такви мерки Македонија може да биде погодена посилно од другите земји во регионот.
Тој заклучи дека иако воените тензии можеби привремено се намалуваат, економските последици ќе се чувствуваат уште долго, а најголемиот товар ќе го понесат граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Француските средношколци и студенти повикаа на блокади…
Синдикатите на средношколците и на студентите во…
Тирана повторно во хаос: Молотови коктели врз…
Деветнаесетти ден од протестите во Албанија донесе…
АЛТА БАНКА БИТОЛА МОЖЕ ДА ДОБИЕ НОВ…
АЛТА банка Битола би можела да добие…
(Видео) ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МОСКВА: САД ЈА…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) официјално…
ТРАМП: ОД ВЕНЕЦУЕЛСКАТА НАФТА ЗАРАБОТИВМЕ ДЕСЕТ ПАТИ…
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Соединетите…