Фон дер Лајен: Нема стабилност на Блискиот Исток додека Либан е „во пламен“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека не може да има стабилност на Блискиот Исток и во Заливот додека Либан е „во пламен“. „Клучната лекција од изминатите недели е дека безбедноста е неделива. Не можете да имате стабилност на Блискиот Исток или во Заливот додека Либан е во пламен. Затоа ги повикуваме сите страни да го почитуваат суверенитетот на Либан и да спроведат целосен прекин на непријателствата“, изјави фон дер Лајен на прес-конференција.
Заблагодарувајќи му се на Пакистан за неговата „важна улога“ во посредувањето во разговорите меѓу САД и Иран во текот на викендот, шефицата на ЕУ предупреди дека континуираните напади врз Либан „се закануваат да го попречат целиот процес“. Слободата на пловидба во Ормутскиот теснец е „од најголема важност“, рече фон дер Лајен, привлекувајќи внимание на економското влијание на војната. „Од почетокот на конфликтот, пред 44 дена, сметката на ЕУ за увоз на фосилни горива се зголеми за над 22 милијарди евра“, рече претседателката на ЕК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и ЕУ постигнаа трговски договор: Царини…
Со месеци, спорот околу царините меѓу САД…
Ден на одлука: Средба меѓу Урсула фон…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
(Видео) Возбудлив говор на Урсула во ЕУ…
За време на говорот на Урсула Фон…