Нови правила за увоз на челик во ЕУ: Ако се надмине дозволената квота, ќе има царина од 50%
Европската унија ги заострува правилата за увоз на челик, а со цел да ги заштити домашните производители од зголемената конкуренција на светскиот пазар.
Доцна синоќа, претставници на земјите-членки и на Европскиот парламент се согласија годишната квота за бесцарински увоз на челик да биде ограничена на 18,3 милиони тони, што е намалување од околу 47% во однос на досегашното ниво.
„Дополнителниот увоз над утврдената квота ќе биде оптоварен со царина од 50%, двојно повеќе од претходната стапка“, се наведува во соопштението.
Новите мерки имаат за цел да го заштитат пазарот на Унијата од прекумерната светска понуда, а со договорот точно се утврдува и распределбата на бесцаринските квоти за државите извознички на челик, со задржување одредена флексибилност. Неискористените квоти ќе може да се пренесуваат од еден во друг квартал.
Регулативата која се применува сега истекува на 30 јуни, а за новите правила да стапат во сила потребно е одобрување од земјите-членки и Европскиот парламент, што претставува само процедурална формалност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мецола: Австралија и Нов Зеланд може да…
Земји како Австралија и Нов Зеланд би…
Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…
Фон дер Лајен: Со Кина зборовите се…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
ЕУ најавува план за забрана на социјалните…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Фон дер Лајен „згрозена“ од погребот на…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…