Мицкоски: Груевски ќе оди во затвор ако се појави во Македонија
Премиерот Христијан Мицкоски нема очекувања во врска со евентуална екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, но вели дека ако тој се појави во Македонија, ќе заврши во затвор. На опозицискиот СДСМ му порача дека слободно да направат ревизија на договорите со Унгарија бидејќи се било транспарентно.
„Јас немам очекувања никакви, но ако Груевски се појави во Македонија тој има правосилна пресуда и откако ќе се појави нормално органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на издржување на зтворска казна којашто е согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за која сите закони важат и Влада која мора да ги почитува законите и институциите, а секое лице има право да ги користи институциите и своите права да поднесува жалби. Но ние како Влада имаме правосилна пресуда, за која, за лицето за кое говорите е упатено на отслужување на затворска казна. А дали ќе се врати и кога ќе се врати јас немам такви очекувања“, рече Мицкоски.
Тој за екстрадиција на Груевски упати на унгарската Влада и на нашето Министерство за правда бидејќи како што рече тој не е министер туку премиер.
„Специфичните политики поврзани со Никола Груевски се одлука на унгарската Влада и јас не би имал што да кажам. Екстрадиција е побарана во 2018 година, а е одбиена во 2019 година од унгарските власти. Постои процедура, ако лицето има право на азил и за повеќе детали обратете се во Министерството за правда. Јас не сум министер за правда туку претседател на Влада“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25 години од почетокот на воениот конфликт…
Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…
Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…
Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…
Обоена со сина боја зградата на МВР…
Денес на 7 март, светот ќе им…
Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со…
БТА: Белгија планира да испрати затвореници во…
Белгиските власти го прошируваат списокот на земји…