Министерството за правда за „досието Груевски“: Утре ќе се побараат предметите против екс премиерот
За Никола Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година. Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница.
Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.8.2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, што не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало.
Министерството за правда континуирано го следи случајот и ги превзема сите мерки согласно закон да ги обезбеди потребните документи . Во текот на утрешниот ден ќе биде доставено барање до надлежните судски органи и обвинителства и ќе се побараат потребните списи за сите предмети поврзани со лицето Никола Груевски. Откако од надлежните органи ќе ги добиеме потребните документи, Министерството за правда ќе постапи согласно позитивните законски прописи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…
Ограбена спортска обложувалница во Чаир, на вработениот…
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР…
Вооружен судир на границата меѓу Јордан и…
Јорданските вооружени сили соопштија дека спречиле обид…
70.000 полицајци на улиците во Франција: Страв…
Франција денеска мобилизира 70.000 полицајци и жандарми…
ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…
Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…