Најмногу поскапеле јајцата, киселото млеко, зејтинот и сирењето
Министерството за економија и труд, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изготви компаративна анализа на движењето на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, согласно заклучокот донесен на 162-та седница на Владата.
Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири со различно ценовно позиционирање, во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година.
-Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%, што укажува дека дел од притисокот од растот на набавните цени е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните, информираат од Министерството за економија.
Во однос на поединечните категории:
-кај основните прехранбени производи е забележан благ пораст од 0,45%, при што најголемо зголемување има кај кисело млеко, сирење, јајца и масло;
-кај безалкохолните пијалоци е евидентиран пад од 1,01%;
-кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86%, и покрај растот кај доматите и кромидот;
-кај основните хигиенски производи е забележан пораст од 1,42%.
Министерството оценува дека движењата на цените во анализираниот период се умерени и под контрола, благодарение и на намалувањето на трговските маржи.
Министерството за економија и труд ќе продолжи активно да ги следи пазарните состојби и, доколку е потребно, ќе предложи соодветни мерки за стабилизација на цените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…
Во врска со одлуката на Народната банка…
Ограбена спортска обложувалница во Чаир, на вработениот…
На 30.10.2026 во 23:54 часот во СВР…
Вооружен судир на границата меѓу Јордан и…
Јорданските вооружени сили соопштија дека спречиле обид…
70.000 полицајци на улиците во Франција: Страв…
Франција денеска мобилизира 70.000 полицајци и жандарми…
ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…
Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…