Студентите за утре најавија протест поради оданочување oд „Work&Travel“ програмата

t

Студенти кои биле на студентска работа во Германија и САД, а на кои им пристигнало известување за даночење на сработеното од страна на Управата за јавни приходи утре излегуваат на протест.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ е креиран настан на кој е наведено дека протестот ќе започне утре во 12 часот пред Народната банка, а е предвиден да трае два часа.

Во описот е наведено дека протестот е поради законот за оданочување на Work and travel студентите во Германија и САД, па во однос на тоа саакат да го изразат и револтот за пристигнатите решенија за плаќање данок кој веќе е платен во странските земји.

Претходно на 2-ри април УЈП имаше средба со претставниците на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Од Управата соопштија дека се разговарало за спроведување на обуки за студентите, за да ги запознаат со нивните обврски, но и права поврзани со работата која ја извршуваат во странство преку програмата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба на Муцунски со вршителката на должноста…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Струмичките земјоделци успешни со протестите – 30…

Постигнат е договор за пиперката – куртовска…

Гостиварец се обидел да спречи тепачка меѓу…

Гостиварец бил физички нападнат додека се обидувал…

Иран егзекутира млада жена: тврдела дека убила…

Иран егзекутира млада жена која тврдела дека…

Речиси секој четврти Македонец е пушач –…

Македонија се наоѓа во групата земји со…