„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине
Европските земји забрзано работат на резервен план за зачувување на сопствените одбранбени капацитети во случај САД да ја напуштат Организацијата на Северноатлантскиот договор, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на информирани извори.
Според овие извештаи, во рамките на европските институции и воено-политичките структури се разгледува концептот на таканареченото „европско НАТО“, што би подразбирало значително зајакнување на улогата на европските земји во рамките на алијансата. Овој процес, меѓу другото, би вклучувал назначување на поголем број европски функционери на клучни позиции, како и постепена замена на американската воена опрема со домашни капацитети.
Развојот на овие планови започна во 2025 година, но беше дополнително забрзан по поострите пораки од Вашингтон. Посебен поттик дадоа изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучувајќи ги најавите за можна анексија на Гренланд, како и критиките кон европските сојузници за, како што се вели, недоволна подготвеност да ги поддржат САД во конфликтот со Иран.
Една од клучните пресвртни точки во овој процес е промената на ставот на Германија, која претходно беше резервирана кон иницијативите за зајакнување на европскиот одбранбен суверенитет. Со ублажувањето на овој отпор, дискусиите, според истите извори, влегоа во поконкретна, оперативна фаза.
Сепак, преовладувачкиот став во европските престолнини е дека најповолното сценарио е САД да останат во рамките на НАТО, но со значително поголема одговорност што ја преземаат европските сојузници.
Во овој контекст, Европа планира и значително зголемување на производството на оружје во областите каде што во моментов заостанува зад САД, првенствено во доменот на противподморничките системи, вселенското извидување и надзор, како и во сегментот на авионите-танкери, кои се од клучно значење за проекцијата на воената моќ и логистичката поддршка за современите операции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во…
Европските земји забрзано работат на резервен план…
Мерцедес“ удри пешак во центарот на Скопје,…
Пешак е тешко повреден во сообраќајна незгода…
(Видео) Нови видео-снимки со шокантни сцени на…
Новите материјални докази, видео снимки од безбедносни…
Трамп објави слика од Исус како го…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика…
Во СДСМ имаат чувство дека ќе се…
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, во…