Стечај во кочанската текстилна фабрика од каде беа отпушени 100 – на работнички

t

Голготата на стотина вработени во сега веќе затворената текстилна компанија Артекс во Кочани и понатаму продолжува.

И покрај тоа што останаа на улица без пари и здравствено осигурување, откако преку ноќ компанијата се затвори, сега не можат ниту да се вработат на друго место. Тврдат дека компанијата, во која некои од нив работеле и повеќе од 20 години е во стечајна постапка, а тие неколку месеци се без приход и се уште имаат статус на вработени, што ги ограничува во барањето нова работа.

После ветувањето од минатиот месец дека плата ќе има, сепак на трети април на голем дел од вработените од човек, близок на сопственикот им биле врачени решенија дека спогодбено напуштаат од работа, меѓутоа истите не ги потпишале од страв да не останат без заостанатите плати и регрес за годишен одмор.

ТВ 24 го контактираше и сопственикот на компанијата, кој во телефонски разговор кратко кажа дека одбива да даде било каква изјава.

Инаку, фирмата се затвори ненадејно, оставајќи 100тина семејства на улица, без исплатени плати и без јасна иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…

Андоновски: Дата-центарот ќе се гради догодина, во…

Изградбата на националниот дата-центар би можела да…

Британската разузнавачка агенција не знае каде се…

Британската разузнавачка агенција GCHQ не може да…

Мицкоски со повик до граѓаните: Пријавете корупција,…

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ги повика граѓаните…

Петков и Јотова ќе се судат за…

Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата…