Турција во шок: Осмоодделенец со пет пиштоли уби 9 лица и 13 повредени
Во турскиот град Кахраманмараш се случи тешка трагедија откако вооружен напаѓач отвори оган во училиште, при што загинаа 9 лица, а 13 се повредени.
Инцидентот се случил во средното училиште „Ајсер Чалик“ во општината Оникишубат, каде околу пладне биле слушнати истрели. Веднаш по пријавата, на местото пристигнале голем број полициски и медицински екипи.
Гувернерот на Кахраманмараш, Мукерем Унлуер, потврди дека во нападот загинале еден наставник и осум ученици, додека шест од повредените се во тешка состојба.
„Во училиштето се случи вооружен напад од засега непознати причини. Загинаа 9 лица, а 13 се повредени. Напаѓачот дошол со пет оружја и седум шаржери“, изјави Унлуер.
Според информациите, напаѓачот пукал во две училници, по што починал на местото на настанот. Се утврдува дали се работи за самоубиство или за случајно самоповредување во текот на хаосот.
Подоцна било утврдено дека напаѓачот е ученик во осмо одделение, идентификуван како Иса Арас Мерсинли. Оружјето што го користел било во сопственост на неговиот татко, кој е приведен во рамки на истрагата и, според медиумите, е поранешен припадник на безбедносните служби.
Од повредените, четворица се оперирани, додека останатите се под медицински надзор.
Веста за нападот предизвика паника меѓу родителите, кои масовно се упатија кон училиштето барајќи информации за своите деца. Безбедносните сили воспоставија широк безбедносен кордон околу објектот, а наставата во градот е прекината.
Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, информира дека е отворена истрага и дека се ангажирани седум обвинители.
„Истрагата е во тек и се преземаат сите неопходни мерки. Донесена е и одлука за забрана за објавување информации со цел да се заштити текот на постапката“, соопшти Гурлек.
Министерството за внатрешни работи испрати осум главни инспектори, додека министерот лично заминал на местото на настанот.
Министерот за здравство Кемал Мемишоглу изрази сочувство до семејствата на загинатите и информира дека повредените се хоспитализирани и нивната состојба внимателно се следи.
Од Министерството за образование соопштија дека станува збор за „грозоморен напад“ што ја потресе целата земја, додавајќи дека случајот се следи со највисоко внимание.
Властите упатија апел до медиумите да се воздржат од објавување чувствителни информации и снимки, со цел да се заштитат жртвите и нивните семејства, како и да не се попречува истрагата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција во шок: Осмоодделенец со пет пиштоли…
Во турскиот град Кахраманмараш се случи тешка…
Нафтените гиганти заработуваат 30 милиони долари на…
Анализа покажува дека 100-те најголеми енергетски компании…
Трамп: Следуваат два неверојатни дена, војната со…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата…
Столтенберг: Ако на Трамп му се дозволи…
Заканите на Доналд Трамп за повлекување на…
Стечај во кочанската текстилна фабрика од каде…
Голготата на стотина вработени во сега веќе…