Објавено на:

ПОЛСКА ГИ БАРА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ПРЕБЕГНАТИ ВО УНГАРИЈА: Варшава испрати две писма до Будимпешта

t

По победата на Петер Маѓар на изборите во Унгарија, полскиот министер за правда повторно побара одговори од Унгарија дали ќе ѝ бидат екстрадирани на Полска двајцата поранешни функционери побегнати од правдата, Збигњев Зиобро и Марчин Романовски.

Министерот за правда и генерален обвинител на Полска Валдемар Журек во вторникот испратил две писма до Будимпешта, во кои првенствено бара одговор дали на поранешниот полски државен секретар за правда Марчин Романовски и на поранешниот министер за правда, Збигњев Зиобро, навистина им е одобрен азил во Унгарија.

Полската страна претходно ги контактираше унгарските власти, но одговорот што го доби на 30 март беше опишан како „недоволен“.

Новоизбраниот премиер Петер Маѓар неколку пати зборуваше за поранешните полски политичари кои избегаа во Унгарија. На неговата меѓународна прес-конференција во понеделникот, тој потврди дека Унгарија не може да биде „скривалиште за меѓународно барани криминалци“. Тој вети дека во иднина ќе обезбеди соработка според меѓународното право, што значи дека ќе се екстрадираат оние кои се гонат во други земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведоци на ужасниот земјотрес во Колумбија: „Никогаш…

Во Кали, еден од колумбиските градови најтешко…

Разбојници нападнале млад Австриец во Скопје и…

23-годишен државјанин на Австрија пријавил во полиција…

Нови детали за Србинот што се удави…

Горан Комазец од Белград е човекот кој…

ЈПДП ќе земат 40 милиони евра кредит…

Владата даде зелено светло за ново задолжување…

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дел…