Кривична против поранешниот градоначалник на Делчево за „злоупотреба на службената положба и овластување“
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236.000 денари и двата со важност од една година, во кои за седум производи била понудена нереално ниска цена, односно за 12 пати пониска од другите понудувачи.
Пријавениот не побарал дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и наместо тоа, ги пречекорил границите на службената должност, го фаворизирал и му овозможил на правното лице да ги добие и двата договори за јавна набавка на стоки за потребите на општина Делчево.
На тој начин овозможил на правното лице од Кочани да се стекне со имотна корист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газда на фирма не пријавил данок од…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
(Видео) Делчево ќе биде без вода најмалку…
Пукна разводен елемент во главна шахта во…
(Фото-галерија) ООЦК Делчево годинава го освои првото…
На 24 јуни 2026 година, во преполната…
Во Делчево уреден парк со цитати од…
Во Делчево е уреден уникатен парк со…
Љутков од Разловци: Со 25 милиони денари,…
Македонија предолго живееше со страв да не…