Адеми: Обвинението против Груби е чиста политичка одмазда
Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми остро реагираше во врска со кривичната постапка и предмет против неговиот довчерашен партиски колега и екс-функционери Артан Груби, опишувајќи ги како чиста политичка одмазда и „лов на вештерки“.
Адеми нагласи дека ако има барем малку правда во земјата, обвинението и кривичната пријава треба веднаш да се отфрлат.
„Ова е чиста политичка конструкција и одмазда против г-динот Груби. Ако има барем малку правда во оваа земја, истрагите треба да се затворат, а кривичната пријава да се отфрли“, изјавил Адеми.
Тој, исто така, покренал прашања за улогата на коалицијата ВЛЕН во владата, нагласувајќи дека тие веќе се на власт и мора да бидат повикани на одговорност. Според него, процесот против Груби е политички мотивиран и треба да заврши што е можно поскоро.
„Ако има барем малку правда, овој лов на вештерки и оваа чиста политичка одмазда треба да заврши со затворање на истрагите и отфрлање на кривичната пријава“, заклучил Адеми, пренесуваат медиумите на албански јазик во земјава.
Груби, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, по враќањето во земјава беше приведен, по што постапките против него повторно беа активирани. Случајот веќе предизвика силни реакции во јавноста, особено поради одлуката за домашен притвор, имајќи предвид дека станува збор за поранешен висок државен функционер.
Обвинителството побара притвор за Груби поради сомнежи за проневера во „Државна лотарија“. Од Обвинителството велат дека oд прибраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители учествувале во дејствија со кои е направена штета на „Државна лотарија“ со намера да прибават противправна имотна корист за друг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…
ДУИ: Касами го заборава албанското знаме
ДУИ преку соопштение реагираше по одбележувањето на…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…