Трендафилов: Укинување на еден колективен договор значи опасност за сите

t

„Работата е сериозна, укинување на еден колективен договор значи опасност за сите колективни договори. Затоа, денеска се протестираше, затоа е потребна поддршка“, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов за вчерашниот протест на работниците во културата, организирани од Синдикатот на културата, барајќи почитување на Колективниот договор и достоинство на нивната професија.

Трендафилов сподели дека дека „една позната изрека, прилагодена на нашите услови би звучела -тие дојдоа по Колективниот договор за култура, јас не се побунив, тој колективен договор не се однесуваше на мене“.

„Потоа дојдоа по колективните договори кои имаат методологија на плата просечна или минимална плата, најниска плата по коефициент на сложеност, јас не се побунив, тие колективни договори не се однесуваа мене. На крај ги укинаа сите колективни договори, со закон регулираа се и јас требаше да се побунам, но, не остана никој да се побуни за мене”

Или денес ќе се бориме, или утре ќе се молиме, а јас и Иван, луѓето како нас, се борат и не се молат“, порача лидерот на синдикалците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…