Денеска и утре сончево со мала облачност, од понеделник дожд

t

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно, со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степени.

За време на викендов времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во понеделник од вечерните часови до среда времето повторно ќе биде нестабилно со врнежи од дожд. Во вторник ќе биде наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува ветер од северен правец, кој утре и во среда ќе биде засилен, повремено силен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пролетта почнува утре во 16 часот и…

Пролетта почнува утре во 16 часот и…

Студено и сончево, со мала облачност

И денеска утрата се многу студени, а…

Временска прогноза: Променливо облачно, попладне дожд и…

Денес времето во Македонија ќе биде променливо…

УХМР: Денес сончево, од утре повторно дожд…

Денес времето во Македонија ќе биде сончево…

УХМР: Времето денес ќе е суво и…

Во текот на денешниот ден, како и…