Апелација ја намали казната за судијата од Врховен фатен со мито: Летово ќе го помине на слобода
Скратена е казната затвор на поранешниот врховен судија Наќе Георгиев, кој беше осуден за примање мито, откако Апелациониот суд Скопје му го уважил барањето за условен отпуст и ја преиначил одлуката на Кривичниот суд, со што стана и правосилна.
Според потврдената одлука, Георгиев нема да остане во затвор до мај 2027 година, туку ќе излезе веќе летово, што значи дека вкупно ќе одлежи околу две години и два месеци.
Претходно, Кривичниот суд му ја намалил казната за тој да излезе од затвор во септември годинава, но тоа не било доволно за Георгиев, кој поднел жалба до Апелација. Таму, неговите поранешни колеги судии дополнително му ја скратиле казната за уште два месеци.
Во жалбата, Георгиев навел дека се однесувал примерно во затвор, ги почитувал правилата, но и дека има 63 години и нарушена здравствена состојба. Овие аргументи биле прифатени од судот.
Дополнително, дел од казната Георгиев веќе ја издржувал во олеснет режим. Од мај минатата година беше ангажиран како магационер, при што излегуваше од затвор во текот на денот, а се враќал навечер, практично само преспивајќи во ќелија. Истовремено, користел и викенд-отсуства.
Инаку, Георгиев се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во предметот за примање мито од синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев. Со спогодбата прифати казна затвор од три години, како и забрана за вршење професија, дејност или должност на службено лице во траење од три години.
Тој беше фатен додека земаше мито од 10.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација ја намали казната за судијата од…
Скратена е казната затвор на поранешниот врховен…
Видевски, осуден за убиствата на Вања и…
Боре Видевски, еден од четворицата кои добија…
ОЈО ГОКК со нови детали за предметот…
Истражните дејствија за случајот со апелациониот судија…
Апелација ја поништи забраната за штрајк на контролорите…
Скопскиот Апелациски суд ја поништи забраната за…
Сопругите на советникот на Мицкоски и претседателот…
Сопругите на претседателот на Уставниот суд, Дарко…