Избори во Бугарија: До 16 часот излезност од 34,63 отсто
Излезноста на гласачите до 16 часот изнесува 34,63 проценти, соопшти на брифинг портпаролката на Централната изборна комисија, Росица Матева. Највисока е во 23 изборна единица во Софија – 43,38 проценти, а најниска во Карџали – 23,34 проценти.
За споредба, на изборите за Народното собрание од 27 октомври 2024 година, излезноста до 16 часот изнесувала 26,25 проценти.
До сега во Централната изборна комисија се поднесени 182 жалби и пријави – значително повеќе отколку на претходните парламентарни избори, изјави Матева.
Повеќе од половина од нив се во надлежност на општинските изборни комисии и веднаш се препраќаат до нив за понатамошно постапување.
„Многу од пријавите се поврзани со проблеми со машинското гласање. За машина што престанала да работи во избирачко место се поднесуваат повеќе пријави од различни гласачи кои не можеле да гласаат. Има и пријави за забавување на процесот, редици и чекање“, објасни Матева.
Исто така, има пријави за агитација на социјалните мрежи.
„Социјалните мрежи не се медиумска услуга и Централната изборна комисија не разгледува пријави за прекршувања на изборниот процес таму, па тие остануваат без постапка“, појасни Матева.
Во моментов, машинското гласање е прекинато во 75 избирачки места во земјата, од кои најмногу во Бургас – 5, Плевен – 5, Софија – 6, Хасково – 6 и Јамбол – 5. Во останатите места има по еден, два или три случаи.
Надвор од земјата се пријавени проблеми со три машини, кои се веќе отстранети и гласањето продолжува.
„Податоците се заклучно со 17 часот денес. На претходните избори, до 18 часот, машинското гласање беше прекинато кај 113 машини“, додаде портпаролката на комисијата.
Гласањето е веќе завршено во Австралија во шест избирачки места, а изборните записници се доставени до Централната изборна комисија. Завршено е и во Нов Зеланд во две избирачки места, како и во Јужна Кореја, Сингапур и Токио.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…
Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…
Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…
„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…