Општина Чаир ќе ги отстранува хаварисаните автомобили од улиците: Пуштени се предупредувања
Започна акција за евидентирање и отстранување на напуштени и оштетени возила што се вон употреба на територијата на Општина Чаир.
Од Општината ги предупреди сопствениците на овие возила дека треба да ги отстранат во предвидениот рок, со цел да се избегнат понатамошни мерки согласно комуналниот ред.
„Стотици автомобили кои со години заземале јавни површини, неподвижни и без функција, си заминуваат еден по еден. Ова ќе значи повеќе паркинг места за жителите, повеќе ред и поголема безбедност во нашите населби. Оваа акција носи поевтини паркинг места, полесна циркулација и почиста и уредена средина“, напиша градоначалникот Изет Меџити на Фејсбук.
Засега, на хаварисаните возила се залепени предупредувања од Општината до сопствениците на овие автомобили, за самите да ги отстранат во рок од неколку денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Чаир ќе ги отстранува хаварисаните автомобили…
Започна акција за евидентирање и отстранување на…
Претреси кај роднина на Изет Меџити за…
Три лица од Скопје се под истрага…
Нападнат возач на ЈСП во Чаир
Регистриран е инцидент во автобус на ЈСП…
МПЦ: Украден е бакарен лим од кров…
МВР информира дека вчера попладне во 17:25…
Малолетник нападна познаник со остар предмет во…
МВР информира дека рано утринава во 02:42…